Најопасниот рак на кожа, меланомот може дури и комплетно да се излекува само доколку се открие навреме! Тоа е единствениот карцином/рак кој може да се види и со голо око! Можете први да го забележите ако се појави на вашата кожа! Самопрегледот е одлична алатка за рано откривање на меланомот!
Што треба да направите?
Кога се гледате во огледалото, наместо фокусот да биде на порите, брчките, стомакот, внимателно погледнете ги вашите бенки! Направете самопреглед еднаш во месецот.
За да не заборавите поврзете го со нешто што се случува само еднаш месечно, како на пример Полната Месечина! Проверете ги сите делови од телото, и региите кои не се изложени на сонце. Почнете од лицето, зад ушите, под косата, вратот-користете дополнително огледало за преглед на задната страна од телото или побарајте помош од најблиските. Продолжете со торзото, обете шаки, ноктите, нозете, стопалата од горната но, и долната страна, меѓу прстите.
При проценка на бенките користете го АБЦДЕ правилото
-А (асиметрија) кога едната половина на бенката е поинаква од другата.
-Б (бордерс-ивици)ако се назабени нерамни или нејасни.
-Ц (колорс) Повеке од една боја, не само кафена (светла или потемна) туку и црна, сива, розева, сина или бела.
-Д (дијаметар)-поголеми од 6 мм, не загледувајте ја секоја точка на кожата.
-Е (еволуција) било каква промена- во боја, големина, појава на придружни симптоми како чешање, пецкање, крварење.
Што е она што треба да биде предупредување и мотив за консултација со дерматолог?
Бенка која не личи на ниту една друга- Знак на грдото пајче!
Нова бенка, која, расте или постоечка бенка која се менува, ја губи бојата, чеша, боли, крвари.
Темна, сјајна, црна бенка, во друштво на светло кафени бенки или сосема сама.
Нова бенка во ризична регија-нозете кај жените и грбот кај мажите.
Запомнете-Сите бенки треба да ги проверуваме, не само испакнатите!
Секогаш кога ќе забележите нешто необично, не игнорирајте го!
Јавете се на преглед кај дерматолог. Дури и кога нема ништо необично, направете превентивен преглед барем еднаш во годината!
Меланомот понекогаш не ги следи правилата, Најсигурен метод за негово откривање е дермоскопскиот преглед!
Дермоскопијата спасува животи!
