Др Верче Тодоровска има завршено Медицински факултет на Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје, 2000г. После шест годишно работење како општ лекар во ПЗУ Медика Плус, започнува со специјализација по дерматовенерологија на Катедрата за дерматовенерологија. Од 2009 до 2021година работи во специјалистичката ординација по дерматовенерологија и естетска медицина Дерма Медика во Скопје, а 2021-22 г.во ПЗУ Меа Медика.
Покажува особен интерес кон дерматоскопијата, неинвазивна метода за рано откривање на ракот на кожа, нова и динамична гранка на дерматологијата, и го отпочнува своето дообразување, обука и едукација на ова поле во 2011г. Од 2016г. станува член на Интернационалното Дерматоскопско Здружение, и активно работи дерматоскопија, Официјалната обука ја изведува на реномирани европски школи , Европска Школа за Дерматоонкологија, Берлин, Курс за Извонредност за Дермоскопија, (Dermoscopy Excellence) Рим, ЕАДО fellowship, на Универзитетот Аристотелис, во Солун, под менторство на еден од најдобрите светски дерматоскописти и актуелен претседател на Интернационалното Дерматоскопско Здружение, Проф.Емилиос Лалас. Др Верче Тодоровска е единствен носител на Професионална Диплома за Дермоскопија, сертифицирана од Универзитетот во Квинсленд, под покровителство на ХелтЦерт и Интернационалното Дерматоскопско Здружение, каде предавањата ги одржуваат реномирани професори од светски ранг, експерти од полето на дермоскопијата. Се добива со завршување на 3 нивоа на дерматоскопска обука, базично, напредно и професионално ниво, во траење од 2 години.
Автор е на бројни научни публикации и активен учесник на повеќе дерматолошки конференции како во регионот така и во светот (Светски ден на здравата кожа, 2022 и 2023г. Светски Дерматоскопски Конгрес 2021, Виртуелна Меѓународна Конференција за Дерматоскопија Бразил, 2022, Виртуелен состанок на тема Психодерматологија, Југоисточна Азија, 2022, Интернационален Дермоскопски ден, Велика Британија, 2023) и предавач на европски и светски дерматолошки конференции. Коавтор е на некоклу дерматоскопски атласи, и книги за дермоскопија.
Член е на Здружението на Дерматовенеролози на Македонија, Европската Асоцијација за Дерматоонкологија(ЕАДО), Интернационалното Здружение за Дерматоскопија(ИДС), Европската Аоцијација за Дерматовенерологија(ЕАДВ).
© Сите права задржани