Услуги

Наши услуги

Специјалистичка ординација со посебен пристап во дијагностиката на кожните заболувања. Секој преглед вклучува дермоскопска анализа.

Дермоскопија

Дермоскопија

Безболен, неинвазивен преглед за проценка на пигментните промени на кожата и рано откривање на меланом.

Дигитална дермоскопија и Тотал боди мапинг

Дигитална дермоскопија и Тотал боди мапинг

Фотографирање и документирање на бенките на целото тело за систематско следење и рано дијагностицирање на рак на кожа.

Трихоскопија

Трихоскопија

Најсовремена безболна метода за дијагностика на проблеми со косата и скалпот.

Дијагностика на габични заболувања

Дијагностика на габични заболувања

Брза и едноставна дијагностика и третман на габични заболувања со помош на Вудово светло.

Полово преносливи заболувања

Полово преносливи заболувања

Дискретна дијагностика и третман на полово преносливи заболувања, кондиломи, лихен и псоријаза.

Криотерапија

Криотерапија

Отстранување на брадавички, папиломи и кожни израстоци со течен азот - брзо, безболно и без последици.

Атопичен дерматит

Атопичен дерматит

Дијагностика, третман и едукација за правилна нега кај атопичен дерматит кај деца и возрасни.

Педијатриски и геронтолошки прегледи

Педијатриски и геронтолошки прегледи

Специјален пристап во дијагностиката и лекувањето на најмладите и постарите пациенти.

Проценка на тип на кожа

Проценка на тип на кожа

Дермоскопска проценка на типот на кожата и одредување на соодветен режим за нега.

Онихоскопија

Онихоскопија

Преглед на ноктите со дермоскоп - дијагностика на габични инфекции, враснат нокт и подноктени израстоци.

Хемиски пилинг за акни

Хемиски пилинг за акни

Медицинска процедура со хемиски пилинг која ги отстранува мртвите клетки, ги чисти порите и го намалува воспалението - ефикасен третман за активни акни и постакни промени.

Хидратантен третман на лице

Хидратантен третман на лице

Класичен третман на лице со интензивна хидратантна маска и релаксирачка масажа - враќа свежина, хидрација и сјај на дехидрирана и уморна кожа.

Антиејџинг третман на лице

Антиејџинг третман на лице

Класичен третман на лице со антиејџинг маска и масажа - намалува ситни брчки, ја враќа еластичноста и ја подмладува уморната кожа.

Хемиски пилинг за мелазма

Хемиски пилинг за мелазма

Медицински хемиски пилинг за третман на мелазма и хиперпигментации - избледува темни дамки и изедначува тен со прецизно дозирани киселини.

Козметички третмани за лице

Козметички третмани за лице

Прилагодени козметички третмани за редовно одржување, освежување и релаксација на кожата - за здрав изглед во секое доба.

Дермапен

Дермапен

Микронидлинг третман со Дермапен за корекција на лузни од акни, стимулација на колаген и видливо подмладување на кожата.