Dermanova - Logo Full

Општествена одговорност

Мое цврсто убедување е дека секој член на нашата заедница може и треба да придонесе за подобрување на состојбата во општеството. Секој на свој начин,  своето знаење и искуство да ги стави во служба на општото добро.

Мојот придонес е во правец на едукација на населението за ракот на кожа, претежно преку социјалните мрежи и сите видови на медиуми со цел подигнување на  свеста за опасноста од овој тип на карцином, кој е и единствен што може да се види и со голо око, но многу често останува непрепознаен и луѓето  доцна се јавуваат на преглед. Од 2016 редовно учествувам во паневропската кампања за бесплатни прегледи, ЕУРОМЕЛАНОМА, која се одржува во месец Мај,   2022г. една од поуспешните, самостојно прегледани рекордни 70 пациенти,во тек на трите дена од кампањата, откриени беа 7 базоцелуларни карциноми и  1 меланом. 

Последните 3 години редовно ги посетувам и Домовите за стари лица,  правејќи скрининг за рано откривање на рак на кожа, 

Моето мото е -секој месец е месец за борба против  ракот на кожа, единствениот канцер кој може да се превенира во 90% од случаите, а доколку рано се открие и скоро потполно излекува!

Од последната активност за бесплатни дермоскопски прегледи, скрининг за рано откривање на рак на кожа кај повозрасните, штитеници на Домовите за стари лица. 

Ова е ранлива група на наши сограѓани со висок ризик за рак на кожа на која не и се достапни дерматолошките услуги. 

Пренесено од Види Вака, платформа која нуди приказни за луѓе кои се невидливи за институциите, поединци кои се херои на нашето време и чиј глас вреди да биде слушнат.

Share This :

Recent Posts