Излложеност на сончевите зраци претставува ризик по здравјето. Продолжената УВ радијација е докажана причина за карциномите на кожа. УВ зраците се класифицирани во група 1 карциногени фактори, заедно со цигарите и плутониумот!
Глобалните климатски фактори, озонската дупка, загадувањето на воздухот се фактори кои доведоа до драстично зголемување на количеството на УВ зраци на кои сме секојдневно изложени.
Сончевите зраци се составени од УВА и УВБ зраци, првите завршуваат во најгорниот слој на кожата и се одговорни за појава на изгореници, а УВА се оние кои пенетрираат во подлабоките слоеви и доведуваат до ДНК мутации во јадрата на клеткоте, фотостареење и имуносупресија. Организмот поседува репаративни механизми кои ги поправаат овие штети но со тек на времето тие се трошат и слабеат така што во одреден момент оштететните клетки започнуваат неконтролирано да се делат, стануваат малигни клетки, и доаѓа до појава на рак на кожа.
Внимавајте, УВ зраците продираат низ облаците до 80%, стаклото од прозорците ги пропушта УВА зраците, УВ индексот индексот го означува интензитетот на УВ зрачењето што допира до земјата, и е највисок помеѓу 12 и 16 часот, налага соодветна заштита веќе од УВ индекс 3.
Интермитентно, интензивно сончање, како и сончеви изгореници особено во раното детство го зголемува ризикот за појава на меланом., додека пак кумулативното, продолжено прекумерно изложување на сончевите зраци е одговорно за појава на немеланомските кожни карциноми, базоцелуларен карцином(БЦЦ) и сквамоцелуларен карцином(СЦЦ).