ТРИГЕРИ се фактори на околината кои доведуваат до влошување на состојбата кај егзема, атопичниот дерматитис. Тригери може да има во воздухот што го вдишуваме, во храната што ја консумираме или пак во материјалите кои доаѓаат во директен допир со кожата
-куќна прашина, дерматофагоидес-Намалете ги површините во детската соба кои собираат прашина(завеси, теписи, теписони, мебел) Користете антиалергиски душеци и памучна постелина, или редовно чистете го душекот со специјални машини.
– полени-избегнувајте прошетки на отворено кога цветаат липите, кога има глуварчиња, кога се коси тревата
-храна (кравјо млеко, јајца, кикиритки, јаткасти плодови, риба)-не ги воведувајте овие производи кај доенчето пред да наврши 12 месеци, а потоа постепено и со водење дневник за исхрана, со цел полесно идентификување на храната која довела до осип или само црвенило околу устата. Обрнете внимание на составот на храната, многу често овие алергени се присутни во траги кај некои производи , но доволно да предизвикаат реакција
-мувли-одржувајте беспрекорна хигиена во домот, редовно проветрување, а доколку е потребно користете и апсорбери на влага, со цел да спречите развој на мувла
-влакна од куче или маче
-облека-носете памучна облека блиску до телото, никако волна или синтетика, груби ткаенини, не користете силни детергенти и омекнувачи, секогаш употребувајте дополнително плакнење со цел комплетно отстранување на детергентите од облеката
-не се претоплувајте, избегнувајте премногу топло или пак премного студено
-користете навлажнувач на воздухот во домот (и лете и зиме)
-стрес-стресот е исто така тригер фактор кој доведува до влошување на симптомите на атопичниот дерматит, кај помалите деца тоа може да биде поаѓање во градинка, одвојување од мајката, раѓање на братче или сестриче, поаѓање во училиште. Разговарајте со своето дете, слушнете ги неговите прашања, желби, очекувања, подгответе го за овие големи промени во неговиот живот