ИЗБЕГНУВАЊЕ НА ИРИТАНСИ ВО СЕКОЈДНЕВНАТА НЕГА
Сапуни, детергенти, купки-ја пресушуваат кожата и ја прават склона на иритации. Затоа:
- Избегнувајте секојдневно капење
- Капењето да не е подолго од 10 мин
- Температурата на водата до 36 степени
- Средствата за капење да бидат специјално наменети за атопична кожа, масла и синдети, без парфеми и додатоци
- Веднаш по капењето истапкајте со мек пешкир, без триење
- Нанесете емолиент веднаш по тапкањето
- Емолиентот да е погуст во зима и поводест во лето
- Ако кожата е премногу сува и чеша можете да нанесувате емолиенти и повеќе пати преку денот, и не само после капење
- Изберете го вистинскиот емолиент со помош на вашиот дерматолог
- Научете го детето да ужива во негата за својата кожа