Dermanova - Logo Full

Дланките заслужуваат ист третман како и вашето лице

Дланките не можат да ги сoкријат годините. Не случајно низ историјата жените носеле нараквици, дланките биле секогаш заштитени од негативните ефекти на надворешната средина, пред се од сончевите зраци.

Денес нараквиците не се повеќе во мода, затоа секојдневна употреба на крема со заштитен фактор ќе помогне да го задржите младешкиот изглед, и уште поважно, да го намалите ризикот за појава на кожни карциноми на половина.

Избегнувајте било какво дополнително изложување на вештачки извори на УВ зраци( ув лампи за гелни/ акрилни нокти) солариуми.

Горниот дел на дланките е постојано изложен на УВ зраците, преку целата година. Негативниот ефект се напластува, бидејќи кожата на дланките е потенка, првите знаци на стареење се видливи токму во оваа регија, а во поодмината возраст тука ги гледаме тн. старечки дамки, актинични кератози и планоцелуларни карциноми на кожа.

Грижете се за вашите дланки исто како и за лицето, не употребувајте агресивни сапуни и средства за миење, после секое миење нанесете навлажнувачка крема, а навечер вазелин или маслиново масло, или било каква помасна, богата крема. Наутро кога се подготвувате да излезете и ставате заштитна крема на лицето, не заборавајте ги и дланките. Континуитетот, доследноста и редовноста на овој ритуал нема да останат без резултати. Ефектот е видлив после 50тата.

Share This :

Recent Posts