Dermanova - Logo Full

Бенките не треба да се чепкаат

Не чепкај/отстранувај бенка, ќе добиеш рак на кожа!

Ова е еден од најраспространетите митови кој прави многу штета и внесува непотребен страв кај луѓето.

Кога дерматологот ќе препорача да се отстрани сомнителна бенка, потенцијален меланом, пациентот одбива или прашува дали МОРА да се отстрани!

Дали би го поставиле истото прашање доколку постои сомнеж за рак на било кој друг орган? Сигурно би сакале што побрзо да се ослободите од него!

Ракот на кожа не е само болест на кожата, тој е ист како и сите други, подмолна малигна болест која доколку не ја отстраните на време, може да метастазира низ целото тело и да ви го загрози животот!Раното откривање и отстранување во здраво, со амбулантна хируршка интервенција, во локална анестезија ви е единствена гаранција за добра прогноза и шанса за скоро комплетно излекување!

Затоа никогаш не одложувајте го отстранувањето на сомнителна “бенка”, тоа што вам ви личи на бенка може да биде опасен рак на кожа!

Share This :

Recent Posts