Прво и основно без паника, нема потреба од страв, повредената бенка заздравува како и околната кожа, нема да искрварите ниту пак да добиете рак на кожа.
- дезинфицирајте, притиснете 1 минута, ставете фластер.
- закажете преглед кај дерматолог! Бенката треба да се види со дермоскоп, да се исклучи можен карцином!
Причина за стравот е само УШТЕ ЕДЕН МИТ ЗА БЕНКИТЕ !
Сте слушнале како некој си ја повредил бенката и потоа лошо завршил. Во ваквите случаи, всушност се работи за веќе развиен рак на кожа, а не обична бенка. Во поодминат стадиум тој лесно крвари и не заздравува, бидејќи ја има пробиено базалната мембрана , лесно метастазира, се шири во други органи, поради што прогнозата е полоша.
Повредена бенка, или рак на кожа?! Неопходен е дермоскопски преглед за секоја раскрварена бенка, за да направиме дистинкција и точна дијагноза!