Dermanova - Logo Full

Зошто се јавува црвенило на лицето?

1.Црвенило во лицева регија-зошто се јавува?-како резултат на ширење на кожните крвни садови и зголемен проток на крв во кожата. Долготрајното црвенило е резултат на воспаление кај многу примарни кожни болести, кои ја зафаќаат само кожата, резултат е на делување на надворешните фактори  или пак е симптом на некои посериозни внатрешни, системски заболувања. Може да биде локализирано , само во одредени регии на лицето или пак дифузно , кое го зафаќа целото лице.

2.Краткотрајно минливо црвенило-што се може да го предизвика? Транзиторното(минливо) црвенило  е често резултат на нормална реакција на силни емоции, физичка активност или изложување на топлина,одредени лекови, храна, алкохол.Но и некои заболувања може да се причина за флашинг- мастоцитоза, дермографизам, тумори (феохромоцитом,медуларен тироиден карцином,панкреатичен тумор,карциноид синдром).

3. Кои заболувања се манифестираат со долготрајно  црвенило на лицето?-Црвенилото може да биде примарен симптом кај голем број на заболувања-

-примарни воспалителни кожни заболувања-себороичен дерматит

                                                              -розацеа

                                                              -периорален дерматит

                                                              -атопичен дерматит

                                                              -псоријаза

                                                             – контакт дерматит- иритантен и алергиски

(особено во зимските месеци поради студеното време, ветар,често се јавува иритантен дерматит –сувост, црвенило напнатост на кожата која лесно пука ,рапава е на допир 

                                                             -пост-акне еритеми

-фотосензитивни дерматози-ПМЛЕ,фототоксични,фотоалергиски дерматози

-системски болести-СЛЕ,дерматомиозитис

-инфективни болести-еритема инфеккциозум,морбили,еризипел,tinea faciale

4.Како  студеното време влијае на кожата?- кожата е дехидрирана, мртвите клетки поспоро отпаѓаат , ги затвораат порите ,циркулацијата е успорена во горните слоеви на кожата ,таа го губи својот сјај,а фините линии и брчки стануваат поизразени.Многу кожни заболувања се влошуваат во тек на зимските месеци(розацеа, себореа, атопичен дерматит,псоријаза), затоа е неопходна поинтензивна нега која би го превенирала нивното влошување.

5.Како да ја негуваме кожата во зима? – Средствата за миење да се употребуваат само навечер,да се благи, во форма на пена или крема.Кремата за нега на лицето треба да е со поголема концентрација на масла, создават лесна бариера која од една страна  подолго ја задржува водата во горните слоеви на кожата , а од друга страна делува како заштита од штетните надворешни влијанија. (студеното време надвор и исушувачката топлина внатре).Исто така потребна е хидратација и од внатре –како и поголем внос на антиоксиданти и омега 3 есенцијални масни киселини(риба и јаткасти плодови).

Share This :

Recent Posts